
Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики (”Службен весник на РСМ” бр.10/20), член 46-б став (3) од Статутот на Општина Гази Баба (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.2/06, 14/12, 10/13, 14/13, 12/14, 4/22 и 9/23), Одлуката за распишување Јавен повик за свикување иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Гази Баба (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.15/23), Јавниот повик за избор на членови за формирање на Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Гази Баба бр.08-7101/3 од 25.06.2025 година и Решението за формирање на Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Гази Баба бр.08-7101/5 од 11.07.2025 година, Иницијативниот одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК за конститутивно Локално собрание за млади на Општина Гази Баба
Иницијативниот одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Гази Баба распишува Јавен повик за конститутивно Локално собрание за млади на Општина Гази Баба, по принципот на транспарентност и јавност.
I. УЛОГА И ЗАДАЧИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ
– Го распишува Јавниот повик за членови за Локалниот младински совет; и
– Ги избира членовите на Локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање, во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.
II. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Јавниот повик е упатен до формите на организирање и здружување кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики, односно до:
– младинските организации;
– организации за млади;
– политички подмладоци;
– ученички организации;
– студентски организаци и
– други облици на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани со седиште во општината, но мора да имаат активности на територијата на Општина Гази Баба.
III. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Формите на организирање и здружување кои номинираат свои претставници/кандидати, треба да ги достават следните документи:
1. Пријава за номинација поднесена од младинска организација (Образец бр.1 во прилог);
2. Портфолио на организацијата/групата/здружението;
3. Извештај за работата на младинската организација / здружението за минатата 2025 година или друг документ во кои се наведени реализирани активности со млади, младински политки и иницијативи на подрачјето на Општина Гази Баба;
4. Тековна состојба за регистрирана дејност на субјектот, не постара од шест месеци, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;
5. Писмо со номинација на делегат и заменик делегат и контакт информации;
6. Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот делегат и заменик делегат и кратка биографија (жител на возраст од 15 до 29 години);
7. Изјава за согласност за користење на лични податоци (Образец бр.2 во прилог); и
8. Изјава за согласност од номинираните лица за прифаќање на номинацијата (Образец бр.3 во прилог).
IV. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР
– Да е жител на Општина Гази Баба,
– Да е на возраст од 15 до 29 години и
– Да е проактивен, креативен и способен за индивидуална и тимска работа.
V. НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Субјектите кои ги исполнуваат условите и критериумите наведени во овој повик, можат да поднесат пријава за номинација на делегат/ка и заменик делегат/ка со потребната документација во 1 (еден) примерок потпишана од одговорното лице на организацијата, секој работен ден од 08 – 16:30 часот од почетокот до крајниот рок за поднесување на пријави, на следниот начин:
– Непосредно (лично) во предна канцеларија (едношалтерски систем) на Oпштина Гази Баба.
Пријавата за номинација со потребната документација се поднесува во затворен коверт со назнака: ”За јавен повик за конститутивно локално собрание за млади на Општина Гази Баба ”.
VI. РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Јавниот повик трае 7 (седум) работни дена, од денот на објавувањето на веб страната на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk).
Јавниот повик се објавува на 10.02.2026 година и трае до 18.02.2026 година.
Поднесените пријави за номинација на делегат и заменик делегат со потребната документација, ќе ги разгледа иницијативниот одбор, кој ќе ја утврди валидноста и прифатливоста на секоја поднесена пријава со потребната документација.
Пријавите за номинација кои содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во определениот рок, нема да бидат предмет на разгледување.
ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР
Прилог:
– Образец бр. 1 ПРИЈАВА за номинација на претставник/ци од форми на организирање и здружување на млади за делегат/ка и заменик делегат/ка во конститутивно Локално собрание за млади на Општина Гази Баба
– Образец бр. 2 ИЗЈАВА за согласност за користење на лични податоци од номинираното лице
– Образец бр. 3 ИЗЈАВА од номинираното лице за согласност за прифаќање на номинацијата за делегат/ка и заменик делегат/ка во конститутивно Локално собрание за млади на Општина Гази Баба