Врз основа на точка 11 од Програмата на активности на Сектор за заштита на животна средина и природата на подрачјето на Општина Гази Баба за 2022 година со наслов Субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за купување на печки на пелети за 2022 година, (Службен гласник на Општина Гази Баба бр.17/21)
Општина Гази Баба-Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување печки на пелети за 2022 година
1. Опис на Јавниот повик
1.1. Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите на Општина Гази Баба (домаќинствата) за примена на почисто гориво и квалитетни печки за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат печки на пелети од 01.01.2022 година па се до денот на завршување на Јавниот повик односно до трошење на предвидените финансиски средства за 2022 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
1.2. Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето, 16.03.2022 година заклучно до исцрпување на преостанатите финансиски средства (1.500.000,00 денари) од Буџетот на Општина Гази Баба за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
1.3. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства за оваа намена, Општина Гази Баба ќе ја информира јавноста на својата веб страна (www.gazibaba.gov.mk), дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.
1.4. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен’’.
2. Право на учество на Јавниот повик:
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба (домаќинствата), кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своите домови (станбен објект) од 01.01.2022 година па се до исцрпување на финансиските средства (1.500.000,00 денари) од Буџетот на Општина Гази Баба предвидени за оваа намена и ќе поднесат барање за надоместок на дел од трошоците за набавка на печки на пелети. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинства) кои имаат станбен објект со приклучок на централно градско греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинства) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.
3. Услови што треба да ги исполни барателот:
3.1. Барателот треба да ги исполни следните услови:
• да е жител на Општина Гази Баба;
• да нема добиено финансиски средства за набавка на печка на пелети од било кој друг извор во Република Северна Македонија;
• до поднесување на барањето да е корисник на печка на дрва, јаглен, нафта;• новата печка на пелети да е купена од 01.01.2022 година и таа да биде инсталирана на адресата наведена во личната карта на барателот;станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее; • да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што е инсталирана печката на пелети, без оглед на тоа дали се користи;• да има платено данок на имот за станбениот објект каде е инсталирана печката на пелети, заклучно со 2021 година; • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок;
3.2. За барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење и немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект не важат условите во точка 3, потточка 3.1, алинеи 3 и 7.
Напомена: Барателот мора да ги исполнува СИТЕ горенаведени услови за да биде одобрено неговото барање. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.
4. Начин на пријавување на јавниот повик
4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до Општина Гази Баба треба да достави:
– барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.gazibaba.gov.mk ,
– фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Гази Баба
– изјава заверена на нотар дека барателот и членовите на неговото домаќинство нема искористено право на поврат на средства за купување печка на пелети, на друг Јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија
– фотографија од печката која ја користи (дрва, јаглен, нафта )
– доказ дека е извршено купување на нова печка на пелети, и тоа оргинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка
– фотокопија од трансакциска сметка
– барање за издавање потврда за подмирени обврски по основ на данок на имот за станбениот објект каде што е инсталирана печката заклучно со 2021 година, (барањето може да се подигне во архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.gazibaba.gov.mk),
4.2. Барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење и немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект не треба да достават документација од точка 4, потточка 4.1, точките 4 и 7.
4.3. Купувачот на печка на пелети своето барање за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик во архивата на Општината на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот. На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка на печки на пелети за 2022 година“.
4.4. Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5. Начин на спроведување на јавниот повик
5.1. Градоначалникот на Општина Гази Баба со решение формира комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката во две фази.
– во првата фаза Комисијата ќе ги разгледа пристигнатите барања и документацијата доставена во прилог, со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни и
– во втората фаза Комисијата ќе изврши теренски увид кај сите баратели кои имаат уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле наведените услови (ја купиле печката во предвидениот рок и ја инсталирале во живеалиштето според личната карта на барателот, дека нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде е инстaлирана печката на пелети, дека станбениот објект не е во фаза на изградба и во него барателот живее)
5.2. При теренска проверка од страна на најмалку 3 (три) члена на Комисијата, барателот е должен да овозможи пристап до станбениот објект и просторијата во која е инсталирана набавената печка на пелети
5.3. За пристигнатите и обработени барања од точка5.1 алиинеја 1, ќе се води листа со следните податоци:- име и презиме и адреса,- датум и час на пристигнатата пријава на Јавниот повик, – износ на надоместокот за барателот
5.4. Исплатата на одобрените средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен’’, а по донесување на решенијата за одобрувања на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.
6. Начин на остварување на правото на надоместок
6.1. Градоначалнкот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата од денот на завршување на Јавниот повик ќе донесе решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле критериумите од овој Јавен повик.
6.2 Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето за барателите од денот на завршување на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле критериумите од овој Јавен повик.