ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА СТАРТ АП ФИРМИ ОД СФЕРАТА НА
ПРИРОДНИТЕ И ТЕХНИЧКИТЕ НАУКИ СО СЕДИШТЕ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Општина Гази Баба и ПСМ Фондација објавуваат повик за учество во акцелераторска програма за поддршка на бизнис идеи со фокус на животна средина, или т.н. „зелени“ бизнис идеи. Најдобрите три (3) бизнис планови од програмата ќе бидат наградени со 200.000 денари, поддршка која вклучува покриени трошоци за регистрирање на компанија, едногодишен престој во бизнис инкубаторот, менторство, вмрежување и промоција.
Структура на програмата
– Развој на бизнис план
– Управување со производ во старт ап фирма
– Водење на финансии во старт ап фирмата
– Маркетинг прилагоден на старт ап фирма
– Продажба прилагодена на старт ап фирма
– Користење на дигитални платформи за водење на старт ап фирма
– Политики за животна средина и релевантна правна рамка
– Пристап до финансии
– Интелектуална сопственост
Критериуми за учество
Награда
Најдобрите три (3) бизнис идеи ќе добијат награда во износ од 200.000 денари, која вклучува:
Начин на аплицирање
Сите заинтересирани лица треба да пополнат формулар најдоцна до 26ти мај.
Формуларорт може да го пополните на следниот линк:
http://www.yes.org.mk/Media/News.aspx?n=766&r=6&l=63&c=22
За дополнителни прашања пишете на info@yes.org.mk или јавете се на 023103660.
*Услов за искористување на наградата е новооснованата компанија да биде со седиште во Општина Гази Баба, добитникот на наградата, како и основачот да биде на возраст од 18 до 40 години, а доколку станува збор за постоечка старт-ап компанија да направи промена на седиште со адреса во Општина Гази Баба.
20.04.2023