Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02 и ”Службен весник на РСМ” бр.202/24), Програма за јавни дејности на Општина Гази Баба за 2024 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.19/23), Програма за изменување и дополнување на програмата за јавни дејности на Општина Гази Баба за 2024 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.13/24) и Програма за изменување на програмата за јавни дејности на Општина Гази Баба за 2024 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.20/24), Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за пројавување интерес за реализација на програмската активност за новогодишни пакетчиња за деца во социјален ризик
До сите Здруженија на граѓани и организации регистрирани на територијата на Општина Гази Баба, заедно со општината да реализираат социјално хуманитарна активност за ранливи категории:
За реализација на активноста општината ќе обезбеди финансиски средства, предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година, согласно точка 3 потточка 1 од Програмата за јавни дејности на Општина Гази Баба за 2024 година.
Здружението или организацијата потребно е да обезбеди:
– дистрибуција на новогодишни пакетчиња за ранливи категории
– сопствен превоз
– ангажирање на волонтери
Заинтересираните субјекти потребно е да достават:
Пријавата со целокупната документација се доставува преку пошта, на адресата на Општина Гази Баба, ул.„ Архимедова“ бр. 2 1047 Скопје, или во архивата на Општина Гази Баба секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, во зaтворен плик со назнака “За јавен повик за пројавување интерес за реализација на програмската активност за новогодишни пакетчиња за деца во социјален ризик,“ со назнака “Не отворај” (на кој ќе биде точно наведено час и датум на прием).
Јавниот повик трае 5 (пет) дена од објавувањето на веб-страната на Општина Гази Баба.
Напомена: Пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА