ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Врз основа на Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на Република Македонија“ брoj 52/2010) и Програмата за еднакви можности на жените и мажите за 2023 година, Општина Гази Баба-Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за пројавување интерес за реализација на заедничка активност – изработка на стратегијата за еднакви можности на жените и мажите (2023-2027 втора фаза со рок за пријавување 31.03-03.04.2023 година
До сите здруженија на граѓани и организации регистрирани на територија на Општина Гази Баба, заедно со општината да реализраат изработка на стратегија за еднакви можности на жените и мажите (2023-2027 година) – втора фаза, која ќе содржи податоци за родова анализа на корисници на подрачјето на општина Гази Баба.
За реализација на активноста, Општината обезбеди финансиски средства, предвидени во Буџетот на општина Гази Баба за 2023 година од Програмата за еднакви можности на жените и мажите.
Основни организациски критериуми
Основни организациски критериуми што треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои учествуваат на овој повик се:
1. Да се регистрирани во сгласност со Законот за здруженија и фондации, и
2. Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес.
Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави
Заинтересираните субјекти треба да достават:
1. Пријава,
2. Статут и
3. Решение за регистрација.
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е од 31.03-03.04.2023 година. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Општина Гази Баба. Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса
Општина Гази Баба, улица “Архимедова“ број 2, 1000 Скопје
Или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот.
Напомена: Некомплетните и пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
31.03.2023