ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Врз основа на Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на Република Македонија“ брoj 52/2010) и Програма за изменување и дополнување на програмата за основно образовнаие на општина Гази Баба за 2023 година, Општина Гази Баба-Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за пројавување интерес за реализација на заедничка активност – Стоматолошка едукација на ученици
со рок за пријавување 25.08-29.08.2023 година
До сите здравствени установи – Ординации по ортодонција кои се регистрирани на територија на Општина Гази Баба, заедно со општината да реализраат Стоматолошка едукација на учениците кои учат во основните училишта во Општина Гази Баба.
За реализација на активноста, Општината обезбеди финансиски средства, предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година од Програма за изменување и дополнување на програмата за основно образовнаие на општина Гази Баба за 2023 година во износ од 350.000,00 денари.
Основни организациски критериуми
Основни организациски критериуми што треба да ги исполнуваат здравствени установи – Ординации по ортодонција кои учествуваат на овој повик се:
1. Да се регистрирани во согласност со Законот за здравствена заштита
2. Да имаат важечка лиценца за работа во областа и
3.Носителот на проектот да има минимум едно лице со стекнато звање “Специјалист по ортодонција;
Потребна документација што правниот субјект треба да ја достави
Заинтересираните субјекти треба да достават:
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е од 25.08-29.08.2023 година. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Општина Гази Баба.
Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:
Општина Гази Баба
Улица “Архимедова“ број 2, 1000 Скопје
Или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот.
Напомена: Некомплетните и пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.