ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Врз основа на точка 6 од Програмата на активности на Сектор за заштита на животна средина и природата на подрачјето на Општина Гази Баба за 2023 година со наслов Субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домови (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.14/22), Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домови
Најголемиот проблем во областа на заштита на животната средина, со кој сесоочува нашата општина, е нарушениот квалитет на амбиенталниот воздух во градот, особено со партикуларни честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се заради нецелосното и несоодветното согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото и начинот на неговото чување и употреба на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците.
Во прилог е Јавниот повик во целост и потребните документи за аплицирање
07.02.2023