
Врз основа на член 50 став (1) точка 4 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02 и ”Службен весник на РСМ” бр.202/24), а во врска со глава IV точка 3 од Програмата на Секторот за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2026 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.22/25) и Одлуката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за купување на велосипед (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.4/23, бр.2/24 и бр.2/25), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните на подрачјето
на општина Гази Баба за купување на велосипед во 2026 година
1.1. Општина Гази Баба со цел стимулирање на жителите од својата општина да користат велосипед како превозно средство и да купат нов велосипед во период од денот на објавување на овој Јавен повик сѐ до 30 ноември 2026 година, односно до исцрпување на средствата наменети за оваа намена со Буџетот на Општина Гази Баба, ќе им надомести дел од трошоците направени при купувањето на велосипедот.
1.2. Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
1.3. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба кои до сега немаат искористено субвенција за купување на велосипед и кои ќе купат нов велосипед од Република Македонија во период од денот на објавувањето на овој Јавен повик сѐ до 30 ноември 2026 година, односно до исцрпување на средствата наменети за оваа намена со Буџетот на Општина Гази Баба.
Барателот треба да ги исполни следниве услови:
4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да ја поднесе следната документација:
4.2. Едно лице може само еднаш да аплицира за добивање на субвенција за купување на еден велосипед.
4.3. Купувачот на новиот велосипед своето барање за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик во архивата на Општината на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот. На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување на велосипед во 2026 година”.
4.4. Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5.1. За спроведување на Јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување велосипеди во 2026 година.
5.2. Општина Гази Баба, во зависност од динамиката на пристигнување на барањата, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, сѐ до нивно целосно искористување.
5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.
5.4. Кога ќе бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Општина Гази Баба, преку својата веб страна, ќе го објави завршувањето на Јавниот повик. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата.
6.1. Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
6.2. Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.