Врз основа на точка 7 од Програмата на Секторот за заштита на животната средина и природата на подрачјето на Општина Гази Баба за 2025 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.24/24) и Одлуката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба за субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба за надоместување на дел од трошоците направени при стерилизација на домашни миленици (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.20/24), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба
за надоместување на дел од трошоците направени при
стерилизација на домашни миленици во 2025 година
1.1. Општина Гази Баба, со цел стимулирање на жителите од својата општина за стерилизација на своите домашни миленици, ќе ги надомести трошоците направени за стерилизација на домашни миленици во период од денот на објавување на овој јавен повик до 30 ноември 2025 година, односно до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена во Буџетот на Општина Гази Баба за тековната година.
1.2. Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 100% од вредноста на чинење на стерилизацијата, но не повеќе од 6.000,00 денари по домашен миленик (куче или маче), со вклучен персонален данок на доход
1.3. Едно лице може да поднесе повеќе од едно барање за добивање на субвенција, доколку е сопственик на повеќе од еден домашен миленик, со поднесување на онолку барања за надоместување на трошоците за стерилизација колку што има стерилизирани домашни миленици, односно со доставување на посебно барање и потребна документација за секој стерилизиран домашен миленик посебно.
1.4. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на нивно пристигнување.
Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба кои ќе ја достават целосната потребна документација и кои ќе ги исполнат условите на овој јавен повик во периодот од денот на објавување на јавниот повик до исцрпување на финансиските средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба, но не подоцна од 30 ноември во тековната година.
Барателот треба да ги исполни следниве услови:
4.1. За надоместување на трошоците и докажување дека условите за субвенционирање се исполнети, барателот е должен да ја поднесе следнава документација:
4.2. Едно лице може да поднесе повеќе од едно барање за добивање на субвенција, доколку е сопственик на повеќе од еден домашен миленик со поднесување на онолку барања за надоместување на трошоците за стерилизација колку што има стерилизирани домашни миленици, односно со доставување на посебно барање и потребна документација за секој стерилизиран домашен миленик посебно.
4.3. Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до ”Комисија за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за стерилизација на домашните миленици” во архивата на Општина Гази Баба, со адреса на ул. ”Архимедова” бр.2, секој работен ден од 7:30 до 16:30 часот. На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за надоместување на дел од трошоците направени при стерилизација на домашни миленици во 2025 година”.
4.4. Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5.1.За спроведување на Јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за стерилизација на домашни миленици во 2025 година.
5.2.Општина Гази Баба, во зависност од динамиката на пристигнување на барањата, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, сè до нивно целосно искористување.
5.3.Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, сè до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.
5.4.Кога ќе бидат исцрпени предвидените финансиски средства за оваа намена, Општина Гази Баба преку својата веб страна и на видно место во архивата на Општината каде се примаат барањата, ќе го објави завршувањето на Јавниот повик.
Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за усвојување на барањето и исплата на потрошените средства за стерилизација на домашен миленик.
6.1. Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
6.2. Решенијата од потточка 6.1 за усвојување на барањата за исплата на предвидените средства, ќе започнат да се применуваат од денот на објавување на јавниот повик.
6.3. Согласно Изборниот законик од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори за Градоначалник и членови на советот, па до денот на објавување на конечност на резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија, нема да се врши исплата на решенијата од потточка 6.1.
6.4. Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за неусвојување на барањето на барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Во прилог БАРАЊЕ стерилизација на миленици 2025