ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Врз основа на член 50 став (1) точка 4 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02) и точка 5 од Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2023 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.14/22 Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за 2023 година
Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари без вклучен персонален данок на доход по возило. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Гази Баба. Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2023 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.14/22), во Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година.. Ќе бидат надоместувани само дел од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, настанати по денот на објавување на овој јавен повик. Надоместок на дел од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, ќе се врши за само 1 (едно) возило во семејство. Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до 30.11.2023 година, односно се до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година. Јавниот повик е објавен на web страната на Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk), во два печатени медиуми.
Во прилог е Јавниот повик во целост и потребните документи за аплицирање
13.02.2023