Врз основа на Програмата за заштита на животната средина и природата на општина Гази Баба за 2023 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ бр.14/22), Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба за субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба за купување на високоефикасни инвертер клима уреди (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ бр.4/23), Законот за управување со отпад (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.216/21) и Листата на видови на отпад (“Службен весник на Република Македонија” бр.100/05), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува :
ЈАВЕН ПОВИК
за воспоставување соработка за собирање и откуп на отпадни печки од домаќинства
Предмет на овој јавен повик е воспоставување на соработка и склучување на Договор за организирано собирање отпад од домаќинствата на Општина Гази Баба, односно собирање и откуп на отпадните печките (на јаглен, дрва, нафта или мазут) кои граѓаните треба да ги предадат како услов за добивање на субвенции при купување на високоефикасни инвертер клима уреди.
Услови за учество:
Заинтересираните оператори во врска со објавениот повик треба да ги исполнуваат следните услови:
– Да поседува валидна Дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад издадена од надлежен орган,
– Да поседува опрема за селекција и сепарација, пресување, пакување на секундарната суровина пропратено со документација за превземање,
– Да е регистриран во Централен регистар за откуп и преработка на секундарни суровини.
Потребни документи :
Заинтересираните оператори во врска со објавениот повик потребно е да ги достават слените документи:
– Пријава по јавниот повик со кратко резиме на компанијата и изјава дека ги исполнува минимално техничките услови за собирање, селекција и рециклирање на отпад,
– Копија од тековна сосотојба,
– Копија од Дозвола за постапување собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад издадена од надлежен орган, и
– Да понуди цена по килограм за откуп на отпадните печки.
Пријавата по јавниот повик со комплетната документација ќе можат да се поднесат во архивата на Општина Гази Баба ул.”Архимедова” бр.2 Скопје со назнака “ За Јавен повик за избор на правно лице за воспоставување соработка за собирање и откуп на отпад од домаќинства “.
Поднесените пријави ќе бидат разгледани од Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Гази Баба.
Критериум за избор на правно лице за собирање и откуп на отпадните печки ќе биде највисока понудена цена.
Доколку е пристигната само една пријава за учество од едно правно лице, општината ќе изврши избор на тоа правно лице.
По спроведување на постапката Градоначалникот ќе склучи договор со правното лице со кое ќе се регулираат меѓусебните права и обврски.
Рокот за поднесување на потребната документација е 7 (седум) дена од објавување на Јавниот повик.