Врз основа на член 84 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15), Општина Гази Баба, решавајќи по барањето на инвеститорот Браим Чаколи, врши
ЈАВНА ОБЈАВА
за Известување за издадено Одобрение за градење
со УП 1 Бр. 28-373/2023 од 12.12.2023 година
Општина Гази Баба постапувајки по барањето на инвеститорот Браим Чаколи, поднесено под УП1 бр.28-373/2023 од 12.12.2023 година, за издавање на одобрение за градење на објект со намена А1-Станбена куќа на КП 215/20, КО Трубарево, општина Гази Баба, по извршениот увид во планската документација со која располага како и по извршената оценка на доставените докази и прилози, издаде Одобрение за градење на ден 12.12.2023 година.
Овој орган во рок од три дена од денот на донесувањето на одобрението за градење ги извести непосредните соседи на градежната парцела за која се донесува одобрението, согласно чл.62-а од Законот за градење (“Сл.весник на РМ” број.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и „Сл. Весник на РСМ“ бр.244/19 18/20, 279/20, 227/22 и 111/23 год.)
Од причина што не е извршена уредна достава на наведените известување, се повикува следниот сосед или од него овластено лице, во рок од 7 (седум) дена од објавување на оваа јавна објава да се обратат до Општина Гази Баба, како би била извршена уредна достава на известувањето:
Соседи од непосредна градежна парцела на КП. 216/1; КО Трубарево:
Оваа јавна објава се смета за уредна достава и согласно член 84 ст. (6) од Законот за општата управна постапка, негативните последици кои можат да настанат од непостапувањето по истата ги сноси барателот.
УП1 Бр.28-373/2023 ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
од 22.05.2024 година
Скопје