Врз основа на член 84 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15), Општина Гази Баба, решавајќи по барањето на инвеститорот Земјоделско пчеларска задруга со ограничена одговорност НАПРЕДОК Скопје со седиште на ул.Антон Попов бр.3 Скопје, врши
ЈАВНА ОБЈАВА
за Известување за издадено Одобрение за градење
со УП1Бр.28–87/2024 од 17.05.2024 година
Општина Гази Баба постапувајки по барањето на инвеститорот Земјоделско пчеларска задруга со ограничена одговорност НАПРЕДОК Скопје со седиште на ул.Антон Попов бр.3 Скопје поднесено под УП1.бр.28-87/2024 од 19.02.2024 год, за издавање на одобрение за градење за објект со намена Б2 Големи трговски единици (објекти: 6.8.1.1; 6.8.1.2; 6.8.1.3; 6.8.1.4-1) на Г.П. 6.8.1 на КП. 150/1; КП. 150/3; КП. 149/8; КО. МАЏАРИ, општина Гази Баба, по извршениот увид во планската документација со која располага како и по извршената оценка на доставените докази и прилози, издаде Одобрение за градење на ден 17.05.2024 година.
Овој орган во рок од три дена од денот на донесувањето на одобрението за градење ги известува непосредните соседи на градежната парцела за која се донесува одобрението, согласно чл.62-а од Законот за градење (“Сл.весник на РМ” број.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и „Сл. Весник на РСМ“ бр.244/19 18/20, 279/20, 227/22 и 111/23 год.)
Се повикуваат следниве соседи или од нив овластени лица, во рок од 7 (седум) дена од објавување на оваа јавна објава да се обратат до Општина Гази Баба, како би била извршена уредна достава на известувањето:
1. Друштво за внатрешен и надворешен промет СЕРВИС ПЕТРОЛ ДОО Скопје со седиште на ул.Антон Попов бр.3, Скопје.
Оваа јавна објава се смета за уредна достава и согласно член 84 ст. (6) од Законот за општата управна постапка, негативните последици кои можат да настанат од непостапувањето по истата ги сноси барателот.
УП1 Бр.28-87/2024 ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
од 20.05.2024 година
Скопје