Јавна презентација и јавна анкета по Архитектонско-урбанистички проект за формирање на посебни градежни парцели со намена Г4-стоваришта од ГП 03.03.1 од ДУП за градска четврт СИ 03, Блок 03, општина Гази Баба – Скопје
Архитектонско-урбанистички проект за формирање на посебни градежни парцели со намена Г4-стоваришта од ГП 03.03.1 од ДУП за градска четврт СИ 03, Блок 03, општина Гази Баба – Скопје ќе биде изложена во просториите на Урбаната заедница ″Кирил Петрушевски″, oпштина Гази Баба – Скопје , во рок од пет ( 5 ) работни дена (од 04.07.2019 година до 10.07.2019 година), секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната презентација на Архитектонско-урбанистички проект за формирање на посебни градежни парцели со намена Г4 – стоваришта од ГП 03.03.1 од ДУП за градска четврт СИ 03, Блок 03, општина Гази Баба – Скопје ќе се одржи на ден 04.07.2019 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во просториите на Урбаната заедница ″Кирил Петрушевски″,oпштина Гази Баба-Скопје .
Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница ″Кирил Петрушевски″, oпштина Гази Баба-Скопје.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=1139