Јавна презентација и јавна анкета по Архитектонско урбанистички проект за ГП 2 (органи на локална самоуправа) од ДУП за дел од УЗ Автокоманда, локална самоуправа и дел од комплекс факултети, општина Гази Баба – Скопје
Архитектонско урбанистички проект за ГП 2 (органи на локална самоуправа) од ДУП за дел од УЗ Автокоманда, локална самоуправа и дел од комплекс факултети, општина Гази Баба, ќе биде изложена во просториите на Урбаната заедница ″АВТОКОМАНДА″, oпштина Гази Баба-Скопје во рок од пет (5) работни дена од 25.10.2018 до 31.10.2018 година, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната презентација на Архитектонско урбанистички проект за ГП 2 (органи на локална самоуправа) од ДУП за дел од УЗ Автокоманда, локална самоуправа и дел од комплекс факултети, Општина Гази Баба ќе се одржи на ден 25.10.2018 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во просториите на oпштина Гази Баба-Скопје , барака 8 (голема сала).
Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница ″АВТОКОМАНДА″, oпштина Гази Баба-Скопје.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=882