Јавна презентација и јавна анкета по АУП за формирање на една градежна парцела со намена Г2, Г3 и Г4 од ГП 5.3, 5.4, 5.5 и 5.6 по УПВНМ за изградба на Индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ”, Oпштина Гази Баба – Скопје
АУП за формирање на една градежна парцела со намена Г2, Г3 и Г4 од ГП 5.3, 5.4, 5.5 и 5.6 по УПВНМ за изградба на Индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ”, Oпштина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбана заедница ″Маџари 1″, во рок од пет работни дена (од 20.08.2020 до 26.08.2020 год.) секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната презентација на АУП за формирање на една градежна парцела со намена Г2, Г3 и Г4 од ГП 5.3, 5.4, 5.5 и 5.6 по УПВНМ за изградба на Индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ”, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 20.08.2020 година со почеток во 10.00 часот во просториите на Општина Гази Баба барака 8 (голема сала).
Aнкетните листови за учество во повторната Јавна анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбана заедница “Маџари 1”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по АУП, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.