Јавна презентација и јавна анкета по Измена и дополна на детален урбанистички план за градска четврт ЦС 09, општина Гази Баба – Скопје
Измена и дополна на детален урбанистички план за градска четврт ЦС 09, општина Гази Баба – Скопје ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Автокоманда″, oпштина Гази Баба – Скопје во рок од десет (10) работни дена од 06.12.2018 до 19.12.2018 година, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната презентација на Измена и дополна на детален урбанистички план за градска четврт ЦС 09, општина Гази Баба – Скопје ќе се одржи на ден 10.12.2018 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во просториите на oпштина Гази Баба – Скопје, барака 8 – голема сала.
Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Автокоманда” , oпштина Гази Баба-Скопје.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=926