Јавна презентација и јавна анкета по Локална урбанистичка планска документација за намена А4 – времено сместување (викенд куќи) на КП 1774 КО Раштак, општина Гази Баба – Скопје
Локална урбанистичка планска документација за намена А4 – времено сместување (викенд куќи) на КП 1774 КО Раштак, општина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложена во просториите на Месна заедница ″Раштак″, во рок од 5 работни дена и тоа почнувајќи од 01.02.2021 година до 05.02.2021 година, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната Презентација по Локална урбанистичка документација за намена А4 – времено сместување (викенд куќи) на КП 1774 КО Раштак, општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 02.02.2021 година, со почеток во 12.00 часот во просториите на Месна заедница “Раштак”.
Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Месна заедница “Раштак”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=1673