Јавна презентација и јавна анкета по ЛУПД за намена A4 – времено сместување на КП 1277/3 и дел од КП 1277/1 КО Раштак, Општина Гази Баба – Скопје.
ЛУПД за намена A4 – времено сместување на КП 1277/3 и дел од КП 1277/1 КО Раштак, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Месна заедница “Раштак” во рок од 5 работни дена и тоа од 09.10.2020 година до 16.10.2020 година, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната презентација на ЛУПД за намена A4 – времено сместување на КП 1277/3 и дел од КП 1277/1 КО Раштак, општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 09.10.2020 година со почеток во 10.00 часот во просториите на Месна заедница “Раштак”.
Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Месна заедница “Раштак”
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=1590