Јавна презентација и јавна анкета по предлог Детален урбанистички план за градска четврт С 17 Блок 3, општина Гази Баба – Скопје
Предлог Детален урбанистички план за градска четврт С 17 Блок 3, општина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Железара″, во рок од 30 работни дена и тоа почнувајќи од 19.03.2021 година до 29.04.2021 година, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната презентација на Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт С 17 Блок 3, општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 06.04.2021 година со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала).
Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Железара”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=1709