Јавна презентација и јавна анкета по Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 04 Блок 04, општина Гази Баба – Скопје
Деталенот урбанистички план за градска четврт СИ 04, Блок 04, општина Гази Баба – Скопје ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Кирил Петрушевски″, oпштина Гази Баба-Скопје во рок од десет ( 10 ) работни дена од 21.01.2019 до 01.02.2019 година, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната презентација на Детален урбанистички план за градска четврт СИ 04, Блок 04, Општина Гази Баба – Скопје, општина Гази Баба – Скопје ќе се одржи на ден 23.01.2019 година (среда) со почеток во 12.00 часот во просториите на oпштина Гази Баба – Скопје, барака 8 – голема сала.
Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Кирил Петрушевски” , oпштина Гази Баба – Скопје.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.1
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=951