Јавна презентација и јавна анкета по предлог Детален урбанистички план за грардска четврт СИ 01 Блок 5, Општина Гази Баба – Скопје
Предлог Детален урбанистички план за градска четврт СИ 01 Блок 5, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Маџари 1″, во рок од 15 работни дена и тоа почнувајќи од 09.06.2021 година до 30.06.2021 година, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната презентација на Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 01 Блок 5, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 11.06.2021 година (Петок) со почеток во 10.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала).
Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Маџари 1”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=1746