Согласно законската регулатива, потребно е да се објави на општинската веб страна Јавната презентација и јавната анкета по предлог УП за село Гоце Делчев. Огласот да ја има содржината наведена подоле.
1. Наслов на оглас :
Јавна презентација и јавна анкета по Предлог – УП за село Гоце Делчев, Oпштина Гази Баба – Скопје
Текст :
Предлог – УП за село Гоце Делчев, Oпштина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Месна заедница Гоце Делчев, во рок од десет (10) работни дена (од 05.06.2018 до 19.06.2018 година), секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната презентација на Предлог – УП за село Гоце Делчев, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 11.06.2018 година со почеток во 10.00 часот во просториите на Општина Гази Баба-Скопје, барака 8 (голема сала).
Aнкетните листови за учество во повторната Јавна анкета ќе се наоѓаат во просториите на Месната заедница “Гоце Делчев”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=751