ИЗВЕСТУВАЊЕ по јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за ЛУПД за бензинска пумпна станица и услужен центар на КП 907, КО Брњарци, општина Гази Баба-Скопје
Се известуваат граѓаните на Општина Гази Баба дека Градоначалникот на Општина Гази Баба донесе Одлука за организирање јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за ЛУПД за бензинска пумпна станица и услужен центар на КП 907, КО Брњарци, општина Гази Баба-Скопје, со вкупна површина на планскиот опфат од 3786,0 м2
ЈАВНА РАСПРАВА
По Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за ЛУПД за бензинска пумпна станица и услужен центар на КП 907, КО Брњарци, општина Гази Баба-Скопје, ќе се одржи на ден 25.06.2018 гoд. (понеделник) со почеток во 12,00 часот во просториите на Општина Гази Баба барака 8 (голема сала), кој е подготвен во согласност со наводите на Планот и барањата на Законот за животна средина.
Извештајот може да се разгледа и во просториите на Општина Гази Баба барака 4, секој работен ден од 8.00-16.00 часот.
Своите мислења, заинтересираната јавност може да ги доставува по електронски пат или во архивата на Општина Гази Баба.