Фестивалот КомшиLOOK, кој е добитник на две европски награди, повторно го оживеа срцето на Железара и уште еднаш покажа дека културата има моќ да ги обединува луѓето.
Во саботата, Црвените згради беа исполнети со уметност, музика, креативност и позитивна енергија. Просторот пулсираше со живот, а бројните посетители потврдија дека ваквите настани создаваат вистинско чувство на заедништво, припадност и гордост кон местото во кое живееме.
Жителите на Железара уште еднаш се покажаа како исклучителни домаќини, докажувајќи дека токму комшилукот, солидарноста и меѓусебната поддршка се темелите врз кои се гради успехот на овој фестивал.
Со нетрпение очекуваме и во иднина вакви настани да ја збогатуваат културната понуда, да ги поврзуваат генерациите и да ја зајакнуваат нашата локална заедница.
Општина Гази Баба и понатаму ќе биде силен партнер и поддржувач на КомшиLOOK – фестивал кој од година во година расте, се развива и прераснува во вистинска гордост на Гази Баба и на сите нејзини жители.
Железара уште еднаш покажа дека кога соседите се заедно – се создаваат најубавите приказни.