Денес на патрониот празник на ООУ „Григор Прличев“, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со учениците, наставниците и родителите го одбележаа денот посветен на она што нè обединува – македонскиот јазик.
Името на Григор Прличев не е само симбол на едно училиште – тоа е симбол на знаење, истрајност и љубов кон татковината. Неговото дело нè потсетува дека зборот има сила да менува, да гради и да обединува.
Македонскиот јазик е наш корен, наш белег и наш пат низ историјата. Во него се впишани нашите победи, нашите предизвици и нашата надеж за подобра иднина.
Драги ученици, вие сте чуварите на јазикот и иднината на Македонија. Чувајте го, негувајте го и зборувајте го со гордост – затоа што преку јазикот го чуваме и нашето постоење.
Голема благодарност до наставниците кои секојдневно ја пренесуваат љубовта кон знаењето и македонскиот јазик.
Делата зборуваат.
Развојот продолжува.
Гази Баба повеќе не запира!
Нека е честит патрониот празник на ООУ Григор Прличев.