Преку овој мурал, ликот и споменот на младиот Михаел Цанков – Михо остануваат засекогаш меѓу неговите сограѓани, другари и сите што го познаваа и почитуваа.
Михо прерано нè напушти, но зад себе остави неизбришлива трага. Беше дел од навивачката група „Комити“, голем патриот.
Ја сакаше Македонија искрено и силно, а неговата енергија, посветеност и љубов кон татковината никогаш нема да бидат заборавени.
Во овие мигови, градоначалникот Бобан Стефковски изрази особена почит до неговото семејство, кое ја носи најголемата болка, утеха да им е сознанието дека Михо беше сакан и почитуван и дека споменот за него ќе продолжи да живее во срцата на многумина.
Огромна благодарност и до неговите другари, кои самоиницијативно се организираа и со многу љубов го создадоа ова дело. Со овој благороден гест покажаа дека вистинското другарство не завршува – тоа продолжува да живее преку спомените и делата.