Денес Општина Гази Баба беше исполнета со детска љубопитност, искрени насмевки и прекрасна позитивна енергија. Ни дојдоа на гости учениците од четврто одделение при ООУ „Григор Прличев“, кои преку своето учење се запознаваат со работата и функционирањето на локалната самоуправа.
Градоначалникот Бобан Стефковски го воодушевија нивните искрени и креативни прашања, нивната заинтересираност и желбата да дознаат повеќе за тоа како функционира општината и како се носат одлуките што го обликуваат животот на граѓаните.
Учениците му подарија на Стефковски прекрасни цртежи и секој од нив е посебен, исполнет со детска фантазија, искреност и љубов. Подароци што не се вреднуваат со зборови, туку се чуваат со посебно во срцето.
Ваквите средби се многу повеќе од една училишна посета. Тие се можност да ги слушнеме најмладите, да ги охрабриме да размислуваат, да прашуваат и уште од мали да разберат дека општината е нивен дом, а тие се важен дел од нејзината иднина.
Драги дечиња, благодариме за прекрасната енергија, насмевките, прашањата и цртежите. Продолжете да бидете љубопитни, креативни и храбри во своите соништа!
Иднината на Гази Баба не се само улиците, зградите и проектите што ги создаваме, туку пред сè децата за кои ја градиме!