Нашата цел е училиштето да биде место каде што учениците ќе бидат целосно посветени на знаењето, наставата и својот личен развој.
Токму затоа, во сите општински основни училишта на територијата на Oпштина Гази Баба успешно се реализира наставата без користење на мобилни телефони за време на часовите.
Во секоја училница се поставени специјално изработени џебови, а дел од училиштата располагаат и со специјализирани шкафови за безбедно оставање на мобилните телефони.
На почетокот на секој наставен час, секој ученик го остава својот мобилен телефон во џебот означен со неговиот број од дневникот, а по завршувањето на наставата го презема назад.
На крајот од учебната година веќе јасно се гледа дека оваа мерка дава одлични резултати. Учениците се многу поконцентрирани, поактивни на часовите, повеќе комуницираат меѓусебно и покажуваат поголема посветеност кон учењето.
Продолжуваме да вложуваме во квалитетно образование, затоа што секоја инвестиција во знаењето е инвестиција во иднината на нашите деца.
Гази Баба останува општина која создава најдобри услови за раст, развој и успех на секој ученик.