Во периодот од 21.09.2026 до 27.09.2026 година, ЈКП „Гази Баба 2007“ континуирано ги реализираше планираните комунални активности, со цел одржување на чиста, уредна и функционална животна средина и обезбедување квалитетни услуги за граѓаните.
КОНТЕЈНЕРИ ЗА КАБАСТ ОТПАД
Во текот на неделата беа поставени контејнери за кабаст отпад на следните локации:

Ергеле

Трубарево

Гоце Делчев

Јурумлери

Колонија

Идризово

Дрма
Со поставувањето на контејнерите се овозможи правилно и навремено отстранување на кабастиот отпад и придонес кон одржување на јавната чистота.
ЗАЕДНИЧКИ АКЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ
Во координација со надлежните служби, беа реализирани заеднички акции за чистење и уредување на јавните површини во следните населени места:

Ченто

Автокоманда

Железара

Маџари

Хиподром
Акциите опфатија отстранување на отпад и уредување на јавните површини, со цел создавање почиста и поуредна средина за жителите.

РАБОТИЛНИЦА
Во рамки на работните активности беа реализирани следните интервенции:

Поставување нов летниковец – н.м. Јурумлери

Поставување покрив на објект за хлорна станица – н.м. Раштак

Изградба на шахта за хлорна станица – н.м. Виниче

Промена на чешма – н. Маџари

УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Во текот на неделата беа санирани повеќе дефекти и извршени интервенции на системот за јавно осветлување:

Ул. „Сава Михајлов“ – н. Ченто – поставена нова сијалица

Ул. „Товарник“ – н. Ченто – саниран дефект во спојната точка

Ул. „Гемиџиска“ – н. Железара – саниран прекин во напојувачкиот систем

Тумба Маџари – саниран прекин на кабел

ВОДОВОД
Извршено е санирање на дефекти на главната водоводна цевка во:

н.м. Смилковци

н.м. Брњарци

н.м. Булачани
Со навремените интервенции се овозможи нормално и непречено функционирање на водоснабдителниот систем.

КОНТИНУИРАНО РАБОТЕЊЕ НА ПУНКТОВИТЕ
Сите пунктови продолжија со континуирано работење, со цел редовно и непречено извршување на комуналните активности, меѓу кои:
Собирање, транспортирање и депонирање на комунален цврст отпад
Одржување на јавната чистота во населените места
Чистење на страничните делови на улиците од секаков вид комунален отпад
Одржување и користење на паркови и зелени површини, парк-шуми, водни и рекреативни површини
Снабдување со вода за пиење, како и изведување, одржување и реконструкција на водоводната мрежа
Изведување, одржување и реконструкција на фекалната и атмосферската канализациска мрежа
Изведување и одржување на јавното осветлување
ЈКП „Гази Баба 2007“ Континуирано, одговорно и посветено во служба на граѓаните.