Градоначалникот Бобан Стефковски ги отвори новите простории на Црвениот крст Гази Баба, сместени во Домот на културата „11 Октомври“.
Со целосна инвестиција на Општина Гази Баба, обезбедивме соодветни услови за работа на организацијата чии вработени и волонтери секојдневно покажуваат што значи да се биде човек — да се помогне, да се подаде рака и да се биде покрај оној кому му е најтешко.
Хуманоста се препознава во делата. Во помошта што пристигнува навреме, во надежта што ја враќаме и во чувството дека никој не е оставен сам.
За луѓето кои постојано се на терен и им помагаат на другите, наша обврска е да обезбедиме услови во кои ќе можат уште поуспешно да ја исполнуваат својата благородна мисија.
Црвениот крст е наш значаен партнер во грижата за граѓаните. Продолжуваме да ја зајакнуваме соработката преку заеднички активности, поддршка на хуманитарните акции и помош за најранливите сограѓани.
Благодарност до сите волонтери, крводарители, донатори и хумани луѓе кои го вложуваат своето време, знаење и срце за доброто на другите. Вие сте силата на солидарноста во Гази Баба!
Нека овие простории бидат место од кое ќе тргнуваат многу добри дела и подадени раце. Нека им е со среќа новиот дом!