Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција!
Она што со години беше симбол на застој, неодговорност и нерешени проблеми – денес станува симбол на решителност, работа и резултати.
Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен во функција – токму таму каде што најмногу беше потребен.
По години застој, хаос и одолговлекување, денес со гордост можеме да кажеме – решението е тука!
Завршени се експропријациите – најголемата пречка што со години го кочеше процесот.
Следуваат подготвителни активности, документација и преселување на жителите.
Во наредните 60 дена – воспоставување на целосен и функционален сообраќаен проток.
Ова не е само инфраструктурен проект – ова е победа на истрајноста и одговорноста!