Денес градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на ООУ „Његош“, училиште во кое во изминатиот период реализиравме повеќе значајни проекти со кои директно ги подобруваме условите за учениците и наставниот кадар.
Комплетно се реновираа училишните тоалети, создавајќи подобри и посоодветни услови за секојдневниот престој на учениците.
Дел од наставните кабинети добија нов училишен инвентар, со што се создава поквалитетна и посовремена средина за реализација на наставата.
Комплетно е опремен и кабинетот за настава по информатика со нови компјутери и потребната опрема, со што на учениците им овозможуваме современи услови за стекнување и унапредување на дигиталните знаења и вештини.
Во моментот се реализираат активностите за инсталирање и поставување на инвертер клима уреди во училниците, со што и ООУ „Његош“ го имплементира проектот „Климатизирани училници“, кој беше дел од мојата изборна програма.
Секогаш ми е особено задоволство кога ќе посетам училиште во кое се реализирани низа проекти, затоа што секоја промена значи подобри услови за образование и воспитание на нашите најмили – децата.
ООУ „Његош“ е токму таков пример – училиште во кое реализиравме многу проекти, но тука не застануваме.
Во моментот се реализираат и подготвителните работи за отпочнување со доградба на училиштето, што ќе обезбеди дополнителен простор и уште подобри услови за учениците.
Чекор по чекор, проект по проект, го менуваме училиштето и создаваме средина во која нашите деца ќе имаат подобри услови за учење, развој и напредок.
Ова е резултат на посветена работа, добра соработка и заедничка заложба сите заедно да создадеме подобри услови во нашите училишта.
Голема благодарност и признание до директорката, наставниот кадар и целиот персонал на ООУ „Његош“ за нивната посветеност, професионалност и секојдневниот труд што го вложуваат во воспитанието и образованието на нашите деца.
Продолжуваме и понатаму со работа, со нови проекти и со конкретни резултати.
ООУ „Његош“ продолжува да се менува на подобро – за учениците, за наставниците и за целата училишна заедница.