Вечерва, пред граѓаните на Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски даде отчет за работата во првата година од вториот мандат како градоначалник на Општина Гази Баба. Пред една година му беше доверена одговорноста повторно да ја водиопштината, а вечерва пред граѓаните тој кажа што е завршено, што градиме и што уште треба да направиме.
Во годината во која Гази Баба одбележува 50 години од своето постоење, реализиравме или започнавме 168 проекти. Зад таа бројка стојат промени што граѓаните ги чувствуваат во секојдневието.
– Ги отворивме градинките „Кокиче“ во Трубарево и „Лавче“ во Инџиково, а меѓу Маџари и Керамидница започнавме со изградба на нова градинка.
– ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто доби нова училишна зграда.
– Ги прошируваме училиштата „Крум Тошев“ во Трубарево и „Његош“ во Колонија и градиме училишни спортски сали во Железара и Црешево.
– По 40 години, Ченто доби обновен Дом на културата „11 Октомври“. Денес таму повторно се собираат генерации и се одржуваат културни настани.
– Реконструиравме улици во должина од над 15 километри.
– Со Градот Скопје ги реконструиравме улицата „Перо Наков“ во Маџари и натпатникот Естакада во Автокоманда.
– Во Идризово и Јурумлери градиме фекална канализација, а за завршната фаза во Чукур Маало во Трубарево и Гоце Делчев е склучен договор.
– Обезбедивме бесплатни униформи за секој ученик и по 3.000 денари за секое прваче.
– Помошта за новороденче ја зголемивме на 8.000 денари.
– Воведовме ослободување од комуналии за изградба на куќа за млади до 40 години.
– За младите воведовме и субвенции за обука и полагање возачки испит.
Кога ни посочувате каде има проблем, наша работа е да излеземе на терен, да најдеме решение и да ви кажеме до каде сме стигнале.
Продолжуваме да работиме во секое населено место и да ви даваме отчет за сработеното.