Вечерва во Инџиково градоначалникот Бобан Стефковски го отвори традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал кој се одржува во чест и спомен на нашиот херој Горан Стојменовиќ, кој животот го положи бранејќи ја Македонија во настаните од Диво Насеље, како и на младиот Бојан Арсенов, чиј живот прерано згасна во трагична несреќа.
Овој турнир не е само спортски настан, туку симбол на почит, заедништво и вечно сеќавање на луѓето кои оставија неизбришлива трага меѓу својот народ.
Гази Баба никогаш нема да ги заборави своите херои и своите деца. Нивните имиња ќе живеат вечно, а споменот за нив ќе го чуваме со достоинство и гордост.
Честитки до организаторите и сите учесници кои со својата посветеност ја продолжуваат оваа традиција.