Вечерва, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицковски присуствувавме на свеченото отворање на ТРИАНГЛА Fashion Park – современ трговски и деловен комплекс кој претставува значаен исчекор во економскиот и урбаниот развој на Општина Гази Баба. Ова не е само нов објект. Ова е доказ дека со јасна визија, конкретни планови и силна соработка меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, идеите можат да станат реалност, а ветувањата – конкретни резултати!
Инвестиција од 10 милиони евра. Комплекс на површина од 15.000 м², од кои 6.500 м² се наменети за изнајмување.
Современ бизнис центар, хотел и подземен паркинг со над 200 паркинг-места.
250 нови работни места и нови можности за нашите сограѓани!
Искрена благодарност и честитки до инвеститорите за храброста, довербата и одлуката да инвестираат токму во Гази Баба. Со оваа инвестиција, тие не изградија само современ комплекс, туку создадоа нови можности за вработување, развој на бизнисот и подобра економска иднина за нашата општина.
Благодарност и до претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, за поддршката на локалниот економски развој и за посветеноста на создавање подобри услови за инвестиции, отворање нови работни места и севкупен урбан развој на Општина Гази Баба.
Нашата цел е јасна – Гази Баба да биде општина во која се инвестира, се гради, се отвораат нови работни места и се создаваат услови за подобар живот на граѓаните.
Веруваме дека ова е само почеток на една нова развојна етапа за нашата општина. Ќе продолжиме со посветена работа, со конкретни проекти и со силна поддршка за секоја добра иницијатива што носи економски напредок и нови можности.
Кога визијата се претвора во дело, резултатите остануваат!
Честитки за ТРИАНГЛА Fashion Park и за сите што придонесоа овој значаен проект да стане реалност!
ОД ВИЗИЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА. ОД ИНВЕСТИЦИЈА ДО НОВИ МОЖНОСТИ. ЗА СИЛНА И РАЗВИЕНА ГАЗИ БАБА!