Денес градоначалникот Бобан Стефковски заедно со директорот на ЈКП „Гази Баба 2007“ и раководители од општинската администрација одржаа работна средба со тимот на проектот „ЕУ поддршка за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Скопскиот регион“, предводен од раководителот на проектот, г-ѓа Марина Илиќ.
Разговараа за актуелната состојба во управувањето со комуналниот отпад на територијата на Општина Гази Баба, како и за активностите кои ќе придонесат кон воспоставување на современ, ефикасен и одржлив систем за управување со отпад.
Овој значаен проект се реализира со поддршка на Европската Унија преку ИПА III програмата, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Скопскиот плански регион, Град Скопје, општините и јавните комунални претпријатија.
Во рамки на теренските активности беа разгледани локации поврзани со собирање, транспорт и управување со отпад, како и локации на диви депонии кои во иднина ќе бидат опфатени со активности за санација и ревитализација.
Тригодишната имплементација на проектот претставува важен чекор кон подигнување на еколошките стандарди, зајакнување на институционалните капацитети и развој на современ регионален систем за управување со отпад.
Продолжуваме со конкретни активности за почиста, поуредена и поеколошка Гази Баба.
Грижата за животната средина е инвестиција во иднината и во поквалитетен живот за сите наши граѓани.