Со чест и задоволство денес градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кирил и Методиј“, училиште со богата традиција, многу успеси и генерации ученици кои оставиле свој белег во нашата општина и држава.
Светите браќа Кирил и Методиј се симбол на писменоста, образованието и духовноста. Нивната мисија и денес живее преку училиштата, преку наставниците и преку секое дете кое чекори по патот на знаењето.
Особено радува овогодинешното мото: „Ритамот на нашето училиште во рацете на талентот“, затоа што токму учениците се срцето и енергијата на секое училиште. Нивната креативност, талент и желба за успех се најголемата надеж за подобра иднина.
Благодарност и почит до наставниците и целиот училишен кадар за нивната секојдневна посветеност, трпение и благородна мисија во воспитувањето и образованието на младите генерации.
Голема благодарност и до родителите, кои со љубов, грижа и поддршка се важен столб во развојот на секое дете.
Градоначалникот Стефковски истакна дека останува цврсто посветен на унапредување на образованието, подобрување на условите во училиштата и создавање современа и безбедна средина за сите ученици.
ООУ „Кирил и Методиј“ и понатаму да биде место каде што се создаваат знаење, вредности, пријателства и нови успеси.
Нека е честит патрониот празник!