Започнавме со обележување и освежување на пешачките премини на територијата на Општина Гази Баба, затоа што безбедноста на граѓаните е наш приоритет. Со секој јасно и видливо обележан премин создаваме побезбедни услови за пешаците – за децата на пат кон училиште, за повозрасните и за секој наш сограѓанин.
Благодарност до екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“, кои со својата работа придонесуваат за поуредни и побезбедни улици. Апелирам до возачите: намалете ја брзината, бидете внимателни и дајте им предност на пешаците. До пешаците: користете ги обележаните премини и преминувајте внимателно. Безбедноста е заедничка одговорност.
Се грижиме за секој човек и за секој чекор низ нашата општина. Со посветена работа и меѓусебна почит, заедно создаваме побезбедна Гази Баба.