Денес направивме уште еден важен чекор во реализацијата на мерките кои се директно насочени кон потребите на нашите граѓани.
На граѓаните им ги доделивме решенијата за субвенции за набавка на инвертер клима уреди – мерка која носи конкретна финансиска поддршка за семејствата и придонесува кон поекономично користење на електричната енергија.
За нас, секоја мерка има смисла само доколку носи вистинска корист за граѓаните.
Инвертер клима уредите не се само инвестиција во удобноста на домот, туку и во енергетската ефикасност, поефикасното греење и ладење и намалувањето на трошоците за електрична енергија.
Особено нè радува што преку ваквите програми можеме директно да им помогнеме на семејствата и да покажеме дека институциите се тука за граѓаните.
Ова е уште една од мерките што ја реализираме со јасна определба – поддршката да стигне таму каде што е најпотребна.
Во време кога енергетската ефикасност станува сè поважна, вложувањето во современи и економични решенија е вложување во подобар стандард и посигурна иднина.
Со секој енергетски ефикасен уред правиме мал, но значаен чекор и кон почиста животна средина и поодговорно користење на ресурсите.
Им честитамe на сите граѓани кои ги добија решенијата и им посакувам оваа поддршка да им донесе поголема удобност во домовите и помали трошоци во секојдневието.
Продолжуваме да работиме со посветеност, затоа што граѓаните заслужуваат конкретни мерки, реална поддршка и резултати што се чувствуваат во секојдневниот живот.
Заедно градиме подобри услови за живот – со дела, со поддршка и со мерки кои се во интерес на граѓаните.