Летниот период, кога училиштата се без ученици, го користиме за интензивна реализација на градежно-занаетчиски работи во сите општински основни училишта на територијата на Општина Гази Баба.
Нашата цел е почетокот на новата учебна година учениците да ги дочекаат уредени, безбедни и современи училишни простории, кои ќе овозможат поквалитетна настава и подобри услови за учење.
Градоначалникот Бобан Стефковски го посети ООУ „Наум Наумовски – Борче“, каде што во тек се градежни активности за молерисување на кабинетите за настава.
Со молерисувањето на училниците создаваме почист, попријатен и пофункционален простор во кој учениците и наставниците ќе можат непречено да го реализираат воспитно-образовниот процес.
Овие активности се дел од пошироката програма за реализација на градежно-занаетчиски работи во училиштата, преку која континуирано инвестираме во подобрување на образовната инфраструктура.
Веруваме дека секое дете заслужува квалитетни услови за образование, а секое вложување во училиштата претставува инвестиција во знаењето, иднината и развојот на нашата општина.
И во наредниот период продолжуваме со реализација на планираните активности во сите општински основни училишта, затоа што подобрите услови за учениците и наставниците остануваат еден од нашите највисоки приоритети.
Продолжуваме посветено да градиме подобри училишта, подобри услови за работа и учење и посигурна иднина за сите наши ученици во Општина Гази Баба.