
За 30 млади од Општина Гази Баба (16–35 години)
ИСЛАА – Alumni Association of the Ivanov School for Leaders, во партнерство со Општина Гази Баба, објавува ПОВИК за учество на дводневна обука за локално лидерство, детектирање проблеми во заедницата и креирање едноставни проектни решенија.
Оваа програма е идеална за млади кои сакаат:
✔ да се активираат во локалната заедница
✔ да научат како функционира општината
✔ да креираат решение за реален локален проблем
✔ да се стекнат со сертификат за учество
✔ да развијат вештини за јавен говор, проектно пишување и тимска работа
ДАТУМИ
13 декември – Ден на обуки
Обуки за локална самоуправа, пишување проект, јавен говор и тимска подготовка.
(деталната агенда е подготвена согласно официјалната програма)
14 декември – Ден на презентации и сертификати
Амон Кафе
Презентации на тимовите пред Општината и свечено доделување сертификати.
Присутен говор: Градоначалникот на Општина Гази Баба, г. Бобан Стефковски.
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
Млади од 16 до 35 години со живеалиште во Општина Гази Баба, мотивирани да придонесат за позитивни локални промени.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Сите заинтересирани се пријавуваат преку формуларот на следниот линк:
https://forms.gle/EhH8n6yuLtbFfNuC6
Бројот на места е ограничен — ќе бидат избрани само 30 учесници
Рок за пријавување: петок, 12.12.2025 година.