Повторна јавна презентација и јавна анкета по предлог ДУП за градска четврт С 19 Блок 01, општина Гази Баба – Скопје
Предлог – ДУП за градска четврт С 19 Блок 01, општина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Маџари 2″, во рок од 5 (пет) работни дена (од 20.11.2018 год. до 26.11.2018 год.), секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Повторната Јавна презентација на Предлог – ДУП за градска четврт С19 Блок 01, општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 22.11.2018 година со почеток во 10.00 часот во просториите на општина Гази Баба – Скопје, барака 8 (голема сала).
Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Маџари 2”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=915