С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните, правните лица од просторот oпфатен со Предлог Детален урбанистички план за градска четврт СИ 08 Блок 2, Општина Гази Баба – Скопје , државната управа, научните и стручните организации, дека Градоначалникот на Општина Гази Баба донесе Одлука за организирање на:
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА
По Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 08 Блок 2, Општина Гази Баба – Скопје, кoj oпфаќа простор од 24.02 ха, со следните граници :
Североисток: собирна улица “Перо Наков”
Југоисток: сервисна улица “С5”
Југозапад: сервисна улица “С1”
Северозапад: сервисна улица “С3”
Намена на земјиштето и градбите:
А – Домување,
Б – Комерцијални и деловни намени,
В – Јавни институции
Г – Производство, дистрибуција и сервиси
Д – Зеленило и рекреација,
Е – Инфраструктура
Предлог Детален урбанистички план за градска четврт СИ 08 Блок 2, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница “Маџари 1”, во рок од 15 работни дена и тоа почнувајќи од 05.12.2024 год. до 26.12.2024 год., секој работен ден од 8.00 часот до 16.00 часот.
Повторната Јавна презентација на Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 08 Блок 2, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 12.12.2024 год (Четврток) со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала).
Aнкетните листови за учество во повторната Јавна анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Маџари 1”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=2683