Предлог – ДУП за градска четврт ЦС 11 Блок 02, Oпштина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Автокоманда″, во рок од пет ( 5) работни дена (од 12.03.2018 до 16.03.2018 година), секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот. Повторната Јавна презентација на Предлог – ДУП за градска четврт ЦС11 Блок 02, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 14.03.2018 година со почеток во 10.00 часот во просториите на Општина Гази Баба-Скопје, барака 8 (голема сала). Aнкетните листови за учество во повторната Јавна анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Автокоманда”. Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=650