Предлог – ДУП за градска четврт СИ 03 Блок 03, Oпштина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Маџари″, во рок од 5 ( пет) работни дена (од 12.03.2018год. до 16.03.2018 год.), секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот. Повторната Јавна презентација на Предлог – ДУП за градска четврт СИ 03 Блок 03, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 14.03.2018 година со почеток во 10.00 часот во просториите на Општина Гази Баба-Скопје, барака 8 (голема сала). Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Маџари”. Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Линк : https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=649