Овој прашалник се спроведува во рамките на Програмата за еднакви можности на Oпштина Гази Баба.
Целта на истражувањето е да ги истражиме перспективите на жените и мажите во општина Гази Баба, пристапот до сервисите, нивната работна активност и нивното учество во одлучувањето. Во таа насока, прашалникот е поделен на три (3) дела: општи информации, отпочнување и водење на сопствен бизнис и/или земјоделска дејност и учество во креирање на локални политики.
Би ни значело вашето Учество во ова истражување, кое е анонимно, односно истражувањето гарантира дека личниот идентитен на испитаникот/чката нема да биде откриен.
Прашалникот може да го пополните на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfkk3nE5W8THsSIDHomYhGokoPnIoyEJ5yOFRs61PuFBu3Q5A/viewform