Ги информирамe граѓаните на Oпштина Гази Баба, дека утре 25.02.2025 година (вторник) во периодот од 14:00 до 17:00 часот, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со претставници од секторите на општинската администрација и ЈКП Гази Баба ќе имаат приемен ден за граѓаните.
Ги поканувамe сите граѓани кои имаат потреба да ја искористат можноста и да дојдат во Големата сала во општината во наведениот временски период.