Се известуваат сите граѓани на општина Гази Баба дека заради истекот на продолжениот рок за поднесување на Барања за легализација на бесправно изградени објекти, на 29 и 30 март (вторник и среда), службите на општина Гази Баба барањата ќе ги примаат до 20 часот, додека на 31 март (четврток), барањата ќе ги примаат до 24 часот.
Потребната документација граѓаните можат да ја достават во едношалтерскиот систем на општината.
Во општина Гази Баба во првиот рок беа поднесени вкупно 15587 барања за легализација на бесправно изградени објекти, решени се 6940 од кои 5800 позитивно, а увид од страна на комисиите е направен на 9816 барања.
До денес (28.03.2016 год.) во продолжениот рок, поднесени се 1656 барања.
Рокот за поднесување на геодетски елаборати е 31.12.2016 год., за старите, односно 31.12.2017 год. за новоподнесените барања.
28.03.2016 |