Денес Инџиково доби ново место за детски насмевки, радост, дружење, учење и безгрижно детство!
Со особена гордост ја отворивме новата детска градинка во Инџиково, современ објект со површина од 490 квадратни метри и капацитет за згрижување на 50 дечиња.
Инвестиција вредна 47,5 милиони денари, обезбедени од првиот јавен повик на Владата за финансирање на инфраструктурни објекти, со современи услови, три занимални, мултифункционален простор и енергетски ефикасен систем за греење преку топлотни пумпи.
Ова е втора нова детска градинка што ја отвораме во Општина Гази Баба, по градинката во Трубарево, а веќе интензивно работиме и на изградбата на третата градинка, помеѓу Маџари и Керамидница.
Тоа е доказ дека работиме посветено, со јасна визија и конкретни резултати. Не ветуваме само подобра иднина – ја градиме со дела!
Упатуваме искрена благодарност до претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, за континуираната поддршка, како и до министерот Ѓоко Велковски и Министерството за социјална политика, демографија и млади за поддршката во реализацијата на овој значаен проект.
Благодарност и до сите кои беа дел од реализацијата на овој проект, а особено до директорката, воспитувачите, негувателите и целиот персонал кои ќе се грижат за нашите најмили.
Затоа што кога инвестираме во децата, инвестираме во семејствата, во нашата заедница и во иднината на Гази Баба.
Нашата цел е јасна – секое дете да има свое место во градинка, секој родител да има сигурност, а секое семејство да почувствува дека општината работи за него.
Нека оваа градинка биде дом на безброј детски насмевки, први пријателства, убави спомени и среќни генерации!
ЗА НАШИТЕ ДЕЦА. ЗА НАШИТЕ СЕМЕЈСТВА. ЗА ИДНИНАТА НА ГАЗИ БАБА.